Top Sport

Де Хеа стави потпис на богатиот договор со Јунајтед

Давид де Хеа официјално го потпиша новиот договор со Манчестер јунајтед, ставајќи крај на шпекулациите дека сака да си замине од „Олд Трафорд“, продолжувајќи го престојот во тимот на Оле Гунар Солскјер до јуни 2023 со опција за уште една сезона.

Шпекулациите велеа дека Де Хеа ги „оддолжува“ преговорите за да добие идентична плата од 500.000 фунти неделно како Алексис Санчез, кој замина на едногодишна позајмица во Интер. 28-годишниот Де Хеа има 367 настапи за Јунајтед од пристигнувањето од Атлетико Мадрид во 2011 година.

„За мене е привилегија да поминам осум години во овој голем клуб кој ми ја даде можноста да ја продолжам кариерата тука. Кога пристигнав во Манчестер не очекував дека ќе играм над 350 птаи за клубот. Сега, со осигурана иднина сакам да помогнам тимот да се врати на освојувањето на трофеи “, вели Де Хеа.

Солскјер пак, изјави дека Де Хеа е клучен во неговите планови за враќање на Јунајтед на врвот на англискиот фудбал.

„Пресреќен сум што се договоривме со Давид, кој последните години се покажа како еден од најдобрите на светот. Давид е фантастична личност и совршена база за нашата одбрана. Тој знае каква е вредноста да играш за Манчестер јунајтед“, изјави Солскјер.

Scroll to Top