Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос се пожалил дека морал да го намали бројот на натпревари во сезоната „поради одредени психички проблеми“. Кирјос ова го изјавил во Вашингтон по победата на Жил Симон.
Кирјос, во осмина-финалето на турнирот во Вашингтон, го победи Симон со 6-4, 7-6. Ова е само трет пат сезонава Австралиецот да добие два меча во низа, откако во претходната рунда го победи и Американецот Сон Квијатковски.
„Не играв многу, бидејќи минувам низ тежок период и низ одредени психички проблеми. Сега сум задоволен поради победата“, рекол Кирјос.
Тенисерот од Австралија ја започна на 35 место на АТП-листата, ви текот на сезоната назадуваше до 52 место, а треба да „скокне“ за некое место по турнирот во вашингтон.
„Сенес играв добро и генерално сум задоволен од настапот, играв добар тенис. Знаев дека ме очекува цврст меч, бидејќи мојот противник е одлично физички подготвен“, завршил Кирјос.
Во четврт-финалето Кирјос ќе игра против Јапонецот Јошито Нишиока.