Top Sport

Кирјос кршеше рекети по елиминацијата од Хачанов

Ник Кирјос, ден од фаворитите за титулата на Ју-ес опен по елиминацијата на Рафаел Надал, го заврши својот настап во четвр-финалето. Подобар од австралискиот тенисер беше Карен Хачанов од Русија.

Хачанов во маратоснки меч, по пет одиграни сета славеше победа со 7:5, 4:6, 7:5, 6:7, 6:4.

Русинот двапати имаше предност, го доби првиот сет, но Ник успеа да се врати.

Кирјос не го прифати добро поразот, по завршувањето на мечот скрши еден рекет, тоа не му беше доволно, па од торбата извади уште еден и него го искрши.

Хачанов во полу-финалето ќе игра против Каспер Руд.

 

Scroll to Top