Австралискиот тенисер Ник Кирјос истакнал дека не го сменил мислењето што го има за Новак Жоковиќ и Рафаел Надал. Кирјос беше критикуван кога пред еден месец изјави дека не го поднесува Ѓоковиќ и неговиот начин на прославувањето на победите, додека на Надал му замерил што не знаел да губи.
„Без оглед на тоа што ќе речат другите јас нема да го сменам мислењето“, рекол Кирјос.
На прашањето дали некој од тенисерите го коментирал неговиот став тој рекол:
„На неколкумина ин се допадна. Нема сега да откривам имиња. Сепак, без разлика дали тоа му се допаѓа на некого или не јас само бев искрен“.
Австралиецот се подготвува за настап на Вимблдон каде како што рекол има големи амбиции. Пред Вимблдон тој ќе настапи на турнирот во Квинс.