Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос вели дека секогаш се труди да биде објективен кога коментира некоја тема или проблем и смета дека луѓето го почитуваат поради искреноста.
Кирјос сака да е во центарот на вниманието и кога не е на теренот. Ги напаѓал Ѓоковиќ, Зверев, Тим, Чориќ, се расправал и со Бекер, Виландер…
Иако не одиграл ниту еден меч од почетокот на пандемијата на коронавирусот, постојано ги следи приликите во „белиот спорт“ и ги коментира постапките на колегите.
„Се трудам објективно да го изнесам своето мислење за работите кои се случуваат, или за проблемите. Го кажувам она што го мислам. Секако, секогаш има луѓе кои не се согласуваат со мене, но мислам дека ја почитуваат искреноста. Некои ме сакаат, некои ме мразат, но секога се полни трибините кога играм јас, рејтинзите растат“ вели Кирјос.