Top Sport

Кирјос: Новак бекхендот почнал да го вежба само што излегол од стомак!

Австралискиот тенисер, контроверзниот Ник Кирјос неколкупати го нагласува анимозитетот кон српскиот ас, Новак Ѓоковиќ, но мораше да признае дека Ноле има убиствен бекхенд.

„Ме боли ова што ќе го кажам, но јас би го зел бекхендот на Ѓоковиќ. Тој човек не промашува. Мислам дека почнал да го тренира само што излегол од стомакот“ – рече Кирјос.

Запрашан што би зел од останатите тенисери, Австралиецот вели дека би го зел сервисот на Иво Карловиќ, потоа волејот на Џек Сок, менталната сила на Рафаел Надал и форхендот на Танасис Кокинакис.

Со ова признание, Кирјос на некој начин му возврати на Ѓоковиќ кој при разговорот со Енди Мареј го пофали австралискиот тенисер велејќи дека има убиствен сервис.

Scroll to Top