Top Sport

Лукаку: Сите бевме болни во јануари, Шкрињар само што не се онесвести!

Напаѓачот на милански Интер, Белгиецот Ромелу Лукаку на Инстаграм разговараше со белгијската тв водителка, Кат Керхофс, сопруга на неговиот колега од репрезентацијата, играчот на Наполи, Дрис Мертенс.

Лукаку призна дека уште во јануари голем дел од играчите на Интер биле болни, со симптоми како при коронавирусот.

„Во декември ни дадоа една недела одмор и потоа, ви се колнам, 23 од 25 играчи беа болни. Не е шега. Игравме дома, против Калјари на Раџа Наинголан. Во 25 минута Милан Шкрињар мораше да ја напушти играта. Не беше во состојба да продолжи, само што не се онесвести. Сите кашлаа, и имаа грозница. Се сеќавам, бев многу загрижен. Кога се загреав, телесната температура ми беше повисока од вообичаено. Со години не сум имал грозница. По мечот, следуваше вечера со спонзоите, од `Пума`. Се заблагодарив и отидов право в кревет. Никогаш не не тестираа на вирусот“ рече Лукаку.

Споменатиот меч меѓу Интер и Калјари се одигра на 26 јануари, а „Нероазурите“ кикснаа на тој меч, резултатот беше 1-1.

Scroll to Top