Top Sport

Кирјос: Новак можеби е шампион, но е човек без лидерство и скромност

Ник Кирјос не може да престане да зборува за светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, откако повторно изјави дека Србинот нема лидерство и скромност по организирањето на „Адрија турнејата“ ова лето по која повеќе тенисери беа позитивни на корона вирус, вклучувајќи го и самиот Ѓоковиќ и неговата сопруга.

Кирјос коментираше откако Ѓоковиќ, кој игра на Синсинати Мастерсот беше запрашан дали е можно да ја заврши 2020 без пораз, откако има 20-0 скор досега во сезоната прекината поради корона вирусот.

„Пеколен тенисер. Може да биде непоразен во 2020, тоа не можете да му го одземете. За жал, требаше да покаже малку лидерство и скромност, но тоа го нема. Затоа мнозинството би кажало дека тој загуби“, вели Кирјос.

Ѓоковиќ, Григор Димитров, Борна Чориќ и Виктор Троицки имаше позитивни тестови по учеството на „Адрија турнејата“, двата турнири во Белград и Загреб во јуни.

Scroll to Top