Top Sport

Кирјос пие вино и тврди, Мареј е подобар од Ѓоковиќ

Австралиецот Ник Кирјос смета дека Енди Мареј е подобар тенисер од Новак Ѓоковиќ. Кирјос ова го кажал во разговорот што го водел на Инстанграм со Шкотланѓанецот.

Кирјос се потсетил на својот прв меч против Мареј во 2014 година на мастерсот во Торонто. Мареј победил со 6/2, 6/2. Во меѓусебните дуели Мареј води со 5:1.

„како се чувствуваше тогаш кога ми препушти само четири гејма? Се најавуваше тој меч, а јас тој дена буквално се чувствував како да не знам што е тоа тенис. По првите четири гејма сакав да заминам од теренот…Претходно на Вимблдон го победив Рафа надал и мислев дека ќе ми биде лесно против тебе. Очекував дека ќе пружам отпор, но ти ги враќаше моите сервиси, Рафа тоа не го правеше“, рекол пиејќи вино Кирјос.

Откако Мареј му одговри дека тој самиот се откажал, Австралиецот продолжил.

„Не се откажав јас туку ти беше премногу добар. Мислам дека требаше да имаш кариера како еден од најдобрите тенисери во историјата. Не сакам да звучи контроверзно, но искрено, мислам дека си подобар од Ѓоковиќ. На ова луѓето ќе речат тој има освоено толку титули, но Ѓоковиќ против мојот сервис не можеше да го врати. Ѓоковиќ бегаше од мојот сервис додека ти го напаѓаше како лав“.

Ѓоковиќ во меѓусебните дуели со Мареј води 25:11, а во кариерата освоил 17 гренд слем трофеи.

Scroll to Top