Австралискиот тенисер Ник Кирјос доѓивеа елиминација уште на стартот на турнирот во кинески Жухаи. Подобар од 27-от светски тенисер во моментов беше италијанскиот тенисер Андреас Сепи (35) кој е 74-ти на АТП листата.
Сепи првиот сет против контроверзниот Австралиец го доби по голема борба во тај-брејк со 7-6, додека вториот сет беше вистинска рутина за него, славеше со 6-1.
По поразот, Кирјос соопшти дека е можно да не настапува до крајот на сезоната, наведувајќи ги проблемите со рамото како причина за тоа.
„Не можам да сервирам нормално, ќе се консултирам со тимот, но најверојатно нема да се вратам на терен додека се не биде нормално. А и 7 месеци не сум бил дома, можеби ова е и добра работа“ – рече Кирјос по поразот.
За влез во второто коло на турнирот во Жухаи се избори Монфилс кој со 2-1 беше подобар од Нори, потоа Рамос која беше подобар од Кецмановиќ со 2-0, а следна фаза изненадувачки обезбеди и Кореецот Квон Сун кој со 2-0 го совлада Пуј од Франција.