Ник Кирјос годинава одигра само еден меч, во јуни на турнирот во Штутгарт и загуби од Кинезот Ву.
Повредата на коленото му правеше проблеми поради што мораше да го пропушти својот омилен турнир, Вимблдон. Не знае кога ќе се врати на теренот. Во Бризбејн на стартот од следната сезона го чека вајлд-карта, но тој се уште не го потврди учеството.
Кирјос вели дека рано е да се пензионира:
„Сакам да освојам барем еден голем трофеј. Сакам кога ќе престанам да играм, да можам да кажам дека барем еднаш бев грен слем шампион. Минатата година бев толку блиску, само два сета ме делеа од пехарот“, се присети во интервју за една австралиска телевизија.
Лани во финалето на Вимблдон против Новак Ѓоковиќ. Кирјос го доби првиот сет, но не можеше повеќе.
Останува истата желба:
„Вимблдон е најголемиот турнир во светот, дури и навивачите кои не следат тенис знаат што е Вимблдон. Неверојатен е престижот што го има. Ако победиш на Вимблдон, никој веќе не може да ти каже ништо. Таа титула би била шлаг на тортата и затоа ќе дадам се од себе да ја освојам. Поради ланскиот пораз во финалето имам чувство на незавршена работа. Така, ќе направам се што е во моја моќ за да се вратам во финалето на Вимблдон.
Минатата година беше најдобра во неговата кариера, но откако се предаде во Токио во октомври, тој не може да се рехабилитира. Прво го оперираше менискусот, а потоа започнаа проблемите со зглобот.
„Многу е поубаво кога победуваш, се изгледа многу позитивно. Има многу пари, публиката те сака. Мислам дека мојот начин на играње тенис ја привлекува публиката на стадионите. Купуваат неколку пијачки и уживаат во забавата што ја сакаат“.
Сепак, постои проблем.
„Коленото ми е на 60-70 проценти, имам уште многу тренинзи пред мене. Затоа уште не сакам да ветувам дека ќе играм во Мелбурн. Кога првпат се вратив на теренот по повредата, имаше негативни ефекти. Морам да бидам трпелив“.