Top Sport

Кирјос: Сакав да си го одземам животот, консумирав дрога и алкохол

Ник Кирјос, контроверзниот австралиски тенисер, на „Инстаграм“ откри дека пред три години размислувал да се самоубие и дека консумирал алкохол и дрога.

Тој објавил фотографија од пред три години на Австралија опен, на која на подлактицата се видливи знаците на само повредување.

„Ова сум јас пред три години на Австралија опен. Најголем дел од вас претпоставува дека уживам во животот. Тоа беше еден од најмрачните периоди во мојот живот. На мојата десна рака можете да ги видите знаци на само повредување. Имав само убиствени мисли, буквално се борев да станам од креветот. Бев осамен, депресивен, негативен, консумирав алкохол и дрога, го отфрлиф семејството, ги отфрлив пријателите“, напишал на „Инстаграм“.

Кирјос напишал дека немал доверба во никого.

„Чувствував дека не можам да разговарам или да му верувавм на некого. Ова беше резултата на затворањето во себе, наместо да се потпрам на моите сакани. Знам дека секојдневниот живот изгледа исцрпувачки. Разбирам дека може да се чувствувате лошо или преплашено, да ви биде тешко да се отворите пред други луѓе. Веднаш ќе ви кажам, во ред е, не сте сами. Го минав периодот кога изгледаше дека позитивните вибрации никогаш нема да станат реалност. Ве молам немојте да се чувствувате дека сте само, ако чувствувате дека не можете со никого да разговарате, јавете се, јас сум тука. Горд сум што можам да кажам дека ги сменив работите и дека сега имам поинакви погледи кон светот. Животот е убав“, заклучил Кирјос.

 

Scroll to Top