Австралискиот тенисер Ник Кирјос се извини и донираше 20.000 фунти во добротворни цели како дел од спогодбата со жената што ја обвини дека била „пијана“ во финалето на Вимблдон.
Кирјиос, кој е познат по своите испади, на натпреварот против Новак Ѓоковиќ му се пожали на судијата дека еден од навивачите не престанува да зборува додека трае играта.
Запрашан од судијата да го идентификува лицето, Кирјос рече: „Онаа во фустанот, онаа што изгледа како да испила околу 700 пијалаци“.
Ана Палус, во август покрена правна постапка против Австралиецот поради „непромисленото и целосно неосновано обвинение“, додавајќи дека надоместокот што го добие ќе го донира во добротворни цели. Кирјос се извини во изјавата која на британските медиуми им ја достави Најт Темпл Ло, кој ја застапува Палус.
„Прифаќам дека моето верување е погрешно и се извинувам. За да се поправам, донирав 20.000 фунти на болницата „Great Ormond Street“, добротворна организација избрана од г-ѓа Палус. Нема да коментирам повеќе за ова прашање“, рече Кирјос, кој беше поразен во финалето со 3:1 во сетови.