Top Sport

Кирјос урна традиција стара 140 години

Ник Кирјос не успеа да го освои Вимблдон во своето прво Грен слем финале во кариерата. Сепак со еден потег контроверзниот Австралиец, успеа да урне традиција долга 140 години.

Познато е дека на правило на Вимблдон е дека тенисерките и тенисерите мора да играат во целосно бела облека.

Кирјос во најголем дел од турнирот го почитуваше правилото, исклучок е мечот со Брендон накашима кога носеше црвени патики, поради што беше парично казнет.

Правилото втор пат не го испочитува на доделувањето на пехарите. На главата имаше капа во црвена боја.

На тој начин тој ја прекрши традицијата стара 140 години, со црвена капа го прими пехарот од рацете на војвотката од Кембриџ.

Scroll to Top