Top Sport

Кирјос во пет сета го победи Накашима, Гарин во драма спречи австралиско четврт-финале

Контроверзниот Австралиец, Ник Кирјос се пласираше во четврт-финалето на Вимблдон, по тешката 4:6/6:4/7:6(2)/3:6/6:2 победа над Американецот Брендон Накашима. Ова е прво четврт-финале на гренд слем турнир за Кирјос од 2015 година.

Еден ден откако беше казнет, заедно со грчкиот тенисер Стефанос Циципас по нивниот бурен меч во третото коло, Кирјос имаше лош почеток на мечот со Накашима, губејќи го првиот сет со 6:4. Но, потоа, неговата игра се стабилизираше и тој беше супериорен со својот сервис за да поведе со 21 во сетови, пред Накашима да обезбеди одлучувачки сет, во кој два брејка беа доволни за голема победа.

Кирјос го заврши мечот со 78 директни победнички топки и дури 34 аса за свое второ четврт-финале на Ол Ингланд клубот по тоа од 2014 година.

Чилеанецот Кристијан Гарин ги уништи надежите за австралиско четврт-финале, и ќе се судри со Кирјос по драматичната победа над Алекс де Минаур, кој успеа да пропушти предност од два сета и не искористи две меч-топки во одлучувачкиот сет при 2:6/5:7/7:6(3)/6:4/7:6(10:6) поразот.

19. носител, Де Минаур имаше 3:1 предност во тај-брејкотво третиот сет и 5:3 во супер-тајбрејкот во петтиот сет, пред да загуби по маратонски 4 часа и 36 минути.

Во четврт-финалето е и Американецот Тејлор Фриц, кој со 6:3/6:1/6:4 „збриша“ уште еден Австралиец, Џејсон Каблер, за да обезбеди потенцијална пресметка со Рафаел Надал, кој подоцна го игра своето осминафинале против Холанѓанецот Ботик ван дер Цандшлуп.

Свое прво четврт-финале на Вимблдон ќе игра казахстанката Елена Рибакина, откако со 7:5/6:1 ја совлада Хрватката Петра Мартиќ по час и 20 минути игра. 23-годишната Рибакина, која е родена во Москва, но настапува за Казахстан, претходно имаше само една победа на трева оваа сезона, губејќи во второто коло во Берлин.

Scroll to Top