Австралискиот тенисер Ник Кирјос по првата победа во новата година низ солзи говорел за пожарите што ја зафатија Австрлија.
Кирјос на почетокот на АТП купот го победи Германецот Јан-Ленард Штруф со 6/4, 7/6. Тој ветил дека ќе донира по 200 австралиски долари (125 евра) за секој ас сервис. Против Штруф тој имал 20 недобранливи сервиси што значи дека собрал 4.000 австралиски долари (2.500 евра).
„Не ме интересираат пофалбите. Ние сме во позиција да направиме нешто, имаме посебна платформа. Мојот роден град е Канбера, во моментов таму воздухот е најзагаден во целиот свет, тоа е тажно“, рекол низ солзи Кирјос и дополнил.
„Сите пари ќе одат за семејствата, пожарникарите, животните…Ова што се случува е поголемо од тенисот“.
This is emotional.
?? @NickKyrgios talks about the bushfires in Australia after his @ATPCup victory in Brisbane.#ATPCuppic.twitter.com/Gt3d253RXw
— ATP Tour (@atptour) January 3, 2020
Во оваа хуманитарна акција на Кирјос му се придружиле колегите од репрезентацијата Алекс де Минор и Џон Милнам, односно колешката Сем Стосур.