Top Sport

Кирјос воодушевен од играта на Ѓоковиќ

Ник Кирјос беше импресиониран од играта на Новак Ѓоковиќ во осминафиналето на Австралија опен. Ѓоковиќ го порази сонародникот на Кирјос, Алекс де Минор с 6:2, 6:1, 6:2.

Ѓоковиќ доминираше од почетокот на мечот, на противникот му препушти само пет гема. Кирјиос, мечот го следел од болница, каде се наоѓа по операцијата на коленото. Вднаш се огласи на социјалните мрежи.

„Она што го видов вечерва ме натера да се чувствувам добро кога станува збор за мојот тенис. Како јас воопшто успеав да го победам овој човек“, напиша Кирјос.

Инаку, Новак и Кирјос досега имаат одиграно три дуели, а Кирјиос води со 2-1.

Новак го доби нивниот најважен дуел, финалето на Вимблдон во 2022 година.

Scroll to Top