Top Sport

Кирјос за 3 години ќе заврши со тенисот и ќе стане профи-гејмер?!

Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос обожува видео игри па себе си се смета за најдобар во таа категорија кога е во прашање тенисерите. Толку е опседнат со игрите што верува дека со нив ќе се занимава професионално штом заврши со тенисот.

„Јас сум професионален тенисер и сакам тоа да го кажам. Мислам дека сум најдобриот гејмер на АТП листата. Многумина веруваат дека може да бидат како мене, и тенисерите се полни со самодоверба и мислат дека можат да играат видео игри, но тоа не е баш така. Кога ќе наполнам 10 години како сум професионален тенисер, мислам дека тогаш треба да се префрлам и да станам професионален гејмер“ вели Кирјос.

Ако може да му се верува, за 3 години ќе заврши со тенисот затоа што професионалец е од 2013 година.

Scroll to Top