Top Sport

Овие 11 рекорди изгледаат недостижно во Лигата на шампиони

Лигата на шампиони ги понуди некои од најдобрите фудбалски моменти кои се видени некогаш. Од 1992 година ова натпреварување е на сила како продолжение на Европскиот куп.

Постојат рекорди кои и понатаму изгледаат недостижно, а поставени се од 1992 година се до ден ден.

Еве кои се рекордите кои чекаат некој да ги сруши:

– Бафетимби Гомис за само 7 минути постигна хет-трик за Лион против Динамо Загреб. Лион на „Максимир“ во 2011 година победи со 7-1, а Гомис постигна 4 гола на тој меч

– Лео Меси во осминафинале постигна 5 гола, а Барса славеше со 7-1 против Баер Леверкузен. Мечот се одигра во 2012 година

– Екс-голманот на Баерн Минхен, Ханс-Јорг Бут постигна 3 гола во ЛШ, интересно сите против Јувентус, од пенал

– Германскиот голман Јенс Леман од 2005 до 2006 година како голман на Арсенал врза 9 меча без примен гол во ЛШ

– ХЈК Хелсинки во второто претколо во квалификациите за ЛШ во 2011 година со 10:0 го победи Бангор Сити, во двата меча финскиот клуб славеше со вкупни 13:0 против клубот од Велс

– Борусија Дортмунд во групната фаза во 2016 година на домашен терен со 8-4 ја победи Легија Варшава, а тоа е мечот со најмногу голови на еден натпревар во ЛШ

– Екс-италијанскиот голман Марко Балота имаше 43 години и 253 дена кога настапи за Лацио при поразот од Реал Мадрид (3-1) во сезоната 2007/2008. Тоа беше неговиот последен настап во ЛШ и го држи рекордот како најстар фудбалер

– Кристијано Роналдо во сезоната 2013/2014 постигна дури 17 гола во ЛШ, таа сезона стигна до титулата со Реал

– Барселона во сезоната 1994/95 на „Ноу Камп“ играше против ПСЖ, а на трибините имаше рекордни за ЛШ 115.000 гледачи

– Лајвин Курзава во победата на ПСЖ против Андерлехт во 2017 година постигна дури 3 гола и стана дефанзивец со најмногу постигнати голови на еден меч во ЛШ

– Раул во победата на Реал против Ференцварош во 1995 годин постигна хет-трик, а имаше само 18 години и 114 дена. Досега само 5 тинејџери постигнале хет-трик во ЛШ, но никој не бил помлад од легендарниот Шпанец.

Scroll to Top