Top Sport

„Ќе го победи Ѓоковиќ ако биде како Мухамед Али“

Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев денеска ќе го затворат годинешното издание на САД опен, а поранешниот шведски тенисер Матс Виландер во авторски текст за француски „Екип“ вели дека Русинот може да триумфира само ако игра на начинот на кој Мухамед Али своевремено боксуваше.

„Медведев има стил на игра за ривали кои долго време поминале на теренот и потрошиле многу енергија. Русинот ќе го натера Ѓоковиќ многу да трча и тоа е начинот да го победи. Не гледам ниту еден друг начин на кој може да триумфира. Овој меч ќе биде руски рулет. Никој не победува во маратон така што нон стоп трча, се победува со спринт во последните 2 километри, така е и во тенисот, во петтиот сет. Медведев ќе мора да игра тенис како Мухамед Али што боксуваше“ вели Виландер.

Швеѓанецот смета дека подобро финале од ова и да не можеше да се добие.

„Ова е финале од соништата за мене. Медведев ќе остави срце на терен. Огромен дел од публиката ќе биде за него се додека Новак не биде близу до историја“ смета Виландер.

Scroll to Top