Top Sport

Ибрахимовиќ се врати со гол, Милан супериорен против Лацио

Калчолигашот Милан сосема заслужено, надмоќно и рутинирано со 2-0 го совлада тимот на Лацио во рамки на четвртото коло од италијанската Серија А.

Во најголемиот дел од мечот Милан ја имаше контролата на играта, диктираше темпо, создаваше шанси.
Првата посериозна ја претворија во гол. Рафаел Леао одигра двојно со Анте Ребиќ, по што остана сам на пеналтикот, и топката рутинирано ја смести зад грбот на Пепе Реина.

Во последните моменти од првиот дел, по една наизглед безопасна ситуација во шеснаесетникот на Лацио, Имобиле реагираше невнимателно, го фаулираше Кеси, па судијата по прегледување на ВАР снимката покажа на белата точка. Кеси ја презема одговорноста, но биеше само во пречката.

По паузата „небесносините“ се обидоа топката повеќе да ја имаат во нозете, но беа безопасни.

Златан Ибрахимовиќ по подолга пауза се појави на тревникот, а само седум минути подоцна веднаш се запиша во листата на стрелците. Голема заслуга за голот оди зад името на Анте Ребиќ, поради неговата втора вечерашна асистенција.
До крајот „Росонерите“ знаеја како да го сочуваат водството и заслужено ги освоија трите бода.

Милан е лидер на табелата со максимални 9 бода и гол разлика 7-1, пред Наполи кој има гол разлика 6-2.

Scroll to Top