Top Sport

Ќе може ли Ѓоковиќ да ја брани титулата во Мелбурн?

Сојузната австралиска држава Викторија, во која се наоѓа градот Мелбурн, донесе одлука, која има големо влијание на првиот тениски гренд слем во сезоната, Австралија опен.

Според новите прописи спортистите ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот, доколку сакаат да се натпреваруваат во оваа држава. Првиот човек на оваа област, Даниел Ендјуз, објави дека сите вработени во професионалниот спорт, ќе мора да се вакцинираат најдоцна до 26.ноември.

Одлуката е донесена по препораката од министерството за здравство на Австралија.

Прашање е дали оваа одлука ќе се однесува и на тенисерите и тенисерките кои треба да настапат на Австралија опен. Голем број од нив, меѓу кои е и Новак Ѓоковиќ се против вакцинацијата.

Доколку вакцинацијата биде задолжителна и за оние кои ќе дојдат во Мелбурн, тогаш Ѓоковиќ нема да може да ја брани титулата. Српскиот тенисер, девет пати во кариерата победил во Мелбурн.

Scroll to Top