Top Sport

Ќе се повтори ли нокаутот на годината – Вајт полесен, а Поветкин потежок пред римечот

Рускиот „тешкаш“ Александер Поветкин решил да стави неколку килограми пред римечот со Британецот Дилијан Вајт, кој пак по бруталниот нокаут минатиот август, решил дека патот на победата ќе го добие во обратен правец – со намалување на килограмите.

41-годишниот Поветкин, кој е познат по своите брутални нокаути, на крајот имаше 103.5 килограми, и Вајт е речиси 10 килограми потежок од него со 112.2 килограми. Русинот успеа да ја зголеми тежината и покрај тоа што беше хоспитализиран во декември по добивањето на КОВИД-19.

Поветкин и Вајт својот ри-меч ќе го имаат во Гибралтар, каде што Вајт ќе се обиде да се одмазди за бруталниот нокаут во петтата рунда, кој критичарите го опишуваа како „среќен удар“.

„Опуштен и сигурен сум. Го заборавив првиот меч, бидејќи тоа е готова приказна и мислам дека Дилијан ќе биде подобар сега. Ќе бидам повнимателен во одбраната. Не се фокусирам на нокаут, туку на победа“, изјави Поветкин.

Scroll to Top