Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев со шампионска титула ја заокружи сезоната во првенството на Словенија. Неговиот тим Љубљана без пораз го освои шампионскиот трофеј, а на последниот меч од плеј-офот шоуто го украдоа слатките ќерки на Никола, Марија и Викторија.
Облечени во дресови на тимот на Љубљана, тие го бодреа својот татко. Тој пак прикажа одлична игра и со 18 поени беше најдобар поединец на мечот против Калцит во победата од 3:0 во сетови.