Норвежанецот Јоханес Хесфлот Клаебо продолжи со фуриозниот стрт на новата сезона во СК во нордиско скијање со втора победа во Рука, Финска.
По победата на 1.4 километри долгиот класичен спринт во петокот, Клаебо триумфираше и на 15 километри класично со 15.3 секунди предност пред сонародникот Дидрик Тенсет. Финецот Иво Нисканен ја воодушеви домашната публика со трето место, пред Русите Александер Болшунов и Алексеј Полторанин. Клаебо сега има шанси за тројна победа во Рука во недела на 10 километри класично.
Женската трка на 10 километри отиде кај сонародничката на Клаебо, шесткратната олимписка шампионка и петкратна освојувачка на Светскиот куп, Марит Бјерген, која ја победи Швеѓанката Шарлот Кала за 9.02 секунди, додека трета беше уште една Норвежанка, Ингвилд Флугстад Естберг.
На „нордиското отварање“ во Рука, во втората трка во нордиска комбинација до победа стигна Јапонецот Акито Вакабе за да стане новиот лидер во генерален пласман.