Јоханс Хсфлот Клебо, во Пекинг, ја одбрани титулата во спринт. Норвежанецот сега во колекцијата има четири златни олимписки медали. Во квалификациите настапи и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. Во конкуренција на 88 натпреварувачи, Јада го освои 86.место.
Конечниот поредок во спринт, беше речиси ист како и пред четири години во Пјонгчанг. Клебо, победи пред Федерико Пелегрино од Италија и Александар Трентјев. Разликата во однос на Пјонгчанг е таа што таму бронзата ја освои Алкесандар Болшунов.
Клебо победи со резултат 2:58.06 минути. Федерико имаше послаб резултат за 0,26 секунди. Бронзениот Трентјев зад победникот задоцни за 1,31 секунда.