Top Sport

Кличко и актерката Панетиер веќе не се заедно

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко дефинитивно веќе не е со американската актерка Хајден Панетиер, потврдија луѓе блиски на актерката, откако таа пред неколку дена беше забележана во друштво на непознат човек.

„Има многу промени во нејзиниот живот, но мислам дека тоа е позитивно. Сега им е потребно малку време“, изјави мајката на актерката, Лесли Вогел.

42-годишниот Кличко и 28-годишната Хајден, која стана позната преку ТВ-серијата „Херои“, имаат тригодишна ќеркичка Каја, и според изворите на „И Њуз“, двајцата остануваат во добри односи само поради неа. Кличко и Панетиер беа свршени пет години.

Scroll to Top