Top Sport

Палермо на суд бара исфрлање на Парма од Серија А

Тимот на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, Палермо, преку суд ќе се обиде да изделува исфрлање на Парма од Серија А, и преземање на нивното место.

Клубот од Сицилија бара разгледување на СМС-пораките на напаѓачот на Парма, Фабио Чераволо пратени до фудбалерите на Специја пред клучната пресметка во Серија Б минатата сезона, барајќи од нив да „не се обидуваат премногу“. Чераволо и неговиот клупски колега Емануеле Калајо беа обвинети дека се обидувале да влијаат на резултатот, иако двајцата тврдеа дека се работи за шега.

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) покрена истрага, по која Парма е казнета со 5 поени во новата сезона во Серија А, Калајо доби двегодишна суспензија, додека случајот против Чераволо беше отфрлен бидејќи тој го загуби телефонот пред судењето.

Доколку се воведе казната од пет поени за минатогодишната сезона, Палермо ќе го преземе местото на Парма во Серија А и ова беше предобра шанса за клубот да се откаже.

„Палермо даде инструкции на својот легален оддел да се жали до властите за да се разјасни фактот дека и покрај деталната истрага ниту една порака од фудбалерот Фабио Чераволо не беше погледана на суд“, се вели во објавата на Палермо.

Scroll to Top