Владимир Кличко и Флојд Мејведер наредната година ќе влезат во „Куќата на славните“. Покрај овие двајца од класата 2021, во „Куќата на славните“, ќе влезат и Лејла Али, ќерката на легендарниот Мохамед Али, која е непоразен во своите 24 борби, односно Андре Вард олимписки и светски првак, како и боксерката Ен Волф.
Владимир Кличко е рекордерот, според бројот на минати години на светскиот трон во тешка категорија. На врвот Украинецот бил 12 години и два дена. Во „Куќата на славните“ ќе му се приклучи на својот брат Виталиј.
Флојд Мејведер, кариерата ја заврши без пораз, со 50 победи. Освоил 11 титули во пет различни категории.