Top Sport

Кличко и семејството се спасиле од смрт на запалена јахта(Видео)

Шпанската крајбрежна стража го спасила поранешниот боксерски шампион Владимир Кличко од запалена јахта со која пловел заедно со семејството и пријателите.

„Нашето патување во неделата вечерта заврши бидејќи бродот се запали, не евакуира спасувачки тимови и крајбрежната стража. Без гајле, сите сме добро“, напишал Кличко на „Твитер“.

Инаку, пожарот избувнал во машинскиот дел на јахтата и бргу се проширил и во останатите простории. Драмата се одвивала на 11 километри од брегот.

Кличко кој кариерата ја заврши во 2017 година одморот го минува во Мајорка.

Scroll to Top