Владимир Кличко собра 160.000 фунти од продажбата на наметката која ја носеше во својот последен професионален меч против Ентони Џошуа.
Во наметката беше зашиен и УСБ-стик во кој го има предвидувањето на Кличко за славниот меч во април, во кој беше нокаутиран во 11. рунда, по што реши да се повлече од спортот.
Кличко пред мечот изјави дека единствен човек кој ќе го чуе предвидувањето е тој кој ќе ја купи наметката, а сите средства одат во проектите кои ги подржува неговата фондација.