Top Sport

Кличко: Ќе се вратам само ако противник ми е Саша Барон Коен

Владимир Кличко (42), поранешен светски шампион во тешка категорија, на „Твитер“ ги демантираше шпекулациите дека повторно ќе боксува. Медиумите, изминатите денови објавија дека тој би можел да ги вкрсти ракавиците со Американецот Дионте Вајлдер.

„Морам да одговорам на шпекулациите дека ќе се вратам во рингот. На подолг период јас не гледам дека тоа може да се случи. Исклучок е само доколку имам борба со актерот Саша Барон Коен со кого имам ‘нерасчистени сметки’. Јас сум насочен кон моите приватни работи“, напишал Украинецот.

Кличко во својата богата категорија бил шампион во верзиите на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО, тој во 69 борби забележал 64 победи, 53 од нив со нокаут. Доминацијата на Кличко заврши во ноември 2015 година кога подобар од него беше Британецот Тајсон Фјури.

Потоа, Владимир Кличко, доживеа уште еден пораз, во декември 2017 година тој во финишот на мечот беше нокаутиран од Ентони Џошуа. По овој пораз Кличко се повлече од професионалниот бокс.

Scroll to Top