Владимир Кличко (42) подготвува сензационален кам-бек на боксерската сцена. Ова го открива англискиот новинар и аналитичар Стив Банс. Тој рекол дека Кличко ќе му се врати на боксот на 13.април на „Вембли“, истиот ден кога борба ќе има и Ентони Џошуа.
„Да, но Џошуа доташ ќе има борба со Џарел Милер во Америка“, рекол Стив
„Постојат неколку варијанти за спектаклот на Вембли. Точно е само дека Кличко ќе се врати и повторно ќе влезе во рингот. Слушнав дека противник ќе му биде еден познат британски боксер во тешка категорија, а боксерот не е Фјури ниту пак Вајлдер. Ми кажаа дека тој меч сигурно ќе се одржи на 13.април“.
Според описот на новинарот најверојатно се работи за Дилијан Вајт, кој зад себе има одлична серија на победи (25-1). Вајт во својот последен меч, во декември го нокаутираше Дерик Чисора.
Владимир Кличко во кариерата има скор 64-5. Тој беше поразен на своите два последни меча, од Фјури во ноември 2015 година и од Џошуа во април 2017 година на „Вембли“.
You hear this, you hear that. Some things are true, others are fake news. It’s the whisper business. https://t.co/9szPv2LACS
— Steve Bunce (@bigdaddybunce) January 10, 2019