Рјоју Кобајаши стана само третиот ски скокач во историјата со победа на сите четири скокалници од новогодишната турнеја, откако го комплетираше големиот триумф во австрискиот Бишофсхофен.
22-годишниот Јапонец беше најдобар во двете серии за да победи со 282.1 поени (135 и 137.5 метри) пред Австриецот Штефан Крафт со 267.5 (134 и 131.5 метри) и Германецот Штефан Лајхе со 266 поени (126 и 137 метри).
Со оваа победа, атракцијата од Јапонија е само третиот скокач со „гренд слем“ на „4 скокалници“ по Германецот Свен Ханавалд во 2002/03 и Полјакот Камил Штох 2017/18.
Ryoyu #Kobayashi is the third athlete ever to take home the #GrandSlam! ? Amazing! #4hills #bischofshofen pic.twitter.com/rV1zuixqiV
— Vierschanzentournee (@vier_schanzen) January 6, 2019