Top Sport

Кобајаши ја освои првата станица на турнејата „Четири скокалници“

Јапонецот Рјоју Кобајаши победи на големата скокалница во Оберстдорф, првата станица на 67. издание на турнејата „Четири скокалници“.

Најдобриот оваа сезона, Кобајаши, победи со скоковите од 138,5 и 126,5 метри. Јапонецот освои 282,3 поени.

Второто место со само 0,4 поени помалку од победникот го освои Австриецот Маркус Ајзенблингер. Тој имаше скокови од 133 и 129 метри. Сонародникот на Ајзенблингер, Штефан Крафт заврши на третата позиција.

Кобајаши во Оберстдорф ја забележа петата победа оваа сезона и ја најави кандидатурата за победа на турнејата.

На првата скокалница разочара бранителот на титулата Камил Стох од Полска, кој освои 16 бода помалку од Кобајаши.

До крајот на турнејата остана уште три натпревари: Гармиш-Партенкирхен (1.јануари), Инсбрук (4.јануари) и Бишесхофен (6.јануари).

Scroll to Top