Лошиот скок во првата серија не му дозволи на јапонскиот феномен Рјоју Кобајаши да стигне до четврта победа на четвртата скокалница од „Новогодишната турнеја“, но и петто место му беше доволно по вторпат да стане шампион од „4 Скокалници“.
Кобајаши беше само седми по првата серија во австрискиот Бишофсхофен со скок од 133.5 метри, и вториот обид од 135 метри му беше доволен само за петто место со вкупно 277.8 поени.
Победник во Бишофсхофен беше домашниот фаворит Даниел Хубер со 286.6 поени (136.5 и 137 метри) пред Норвежанецот Халвор Егнер Халверуд со 282.4 (136.5 и 136 метри) и Германецот Карл Гајгер со 281.9 (140.5 и 132 метри). Кобајаши по трите победи собра 1162.3 поени во генерален пласман, пред двајца Норвежани – Мариус Линдвик со 1138.1 и Гранеруд со 1128.2 поени.
Кобајаши во 2019/20 веќе ја имаше освоено „4 Скокалници“ со победа на сите четири натпреварувања, како трет скокач во историјата по Германецот Свен Ханавалд и Полјакот Камил Штох.