Шампионот од Светскиот куп во скијачки скокови, Рјоју Кобајаши стигна до победа на скокалницата во Енгелберг, последното натпреварување пред новогодишната турнеја „4 скокалници“ за да се врати на првото место во генерален пласман.
На дождот и силниот ветер во швајцарскиот Енгелберг, Кобајаши стигна до втората победа оваа сезона со скокови од 132.5 и 134 метри, за вкупно 272 поени, пред поранешниот шампион од СК, Словенецот Петер Превц (263.1) и Австриецот Јан Херл (262). Победникот од саботата, Камил Штох беше само деветти, додека досегашниот лидер во генерален пласман, Штефан Крафт беше само 18. по падот при доскокот во втората серија.
Ова е 15. победа за Кобајаши по која има 440 поени во генерален пласман пред Крафт со 369 и Германецот Карл Гајгер со 347 поени.
Новогодишната турнеја започнува на 28 декември со квалификациите за германската скокалница во Оберстдорф.
FIS World Cup in #Engelberg: The highlights of day 2!#skijumping #FISskijumping pic.twitter.com/rmwFFjGoVZ
— FIS Ski Jumping (@FISskijumping) December 22, 2019
FIS World Cup in #Engelberg: The highlights of day 2!#skijumping #FISskijumping pic.twitter.com/rmwFFjGoVZ
— FIS Ski Jumping (@FISskijumping) December 22, 2019