Top Sport

Кога една грешка ќе ти ја уништи Олимпијадата

Канаѓанката Памела Вер најдобро знае како една мала грешка може да ти го уништи сонот за олимписки медал, откако нејзиниот последен обид во скокови во вода од штица од 3 метра стана вирален на Интернет.

28-годишната Вер, во последниот обид, едноставно само скокна во водата, добивајќи 0.0 оценка за скокот и пропуштајќи го финалето, завршувајќи на 18. место.

„Да продолжев со скокот ќе се повредев. Но, не се предавам, одиме на следна Олимпијада“, изјави Вер.

Scroll to Top