Top Sport

Кога се изгладнуваш за меч – УФЦ фајтерка колабираше на мерење, мечот откажан

Литванската УФЦ фајтерка во бантам категорија, Јулија Столиаренко двапати колабираше на мерењето пред мечот против Јулија Авила на УФЦ он ЕСП 21, по што организацијата потврди дека мечот е откажан.

Столиаренко прва застана на вагата, но веднаш ја загуби рамнотежата и падна на параванот зад неа. Откако и беше пружена помош, таа успешно беше измерена, а потоа кога позираше повторно ја загуби свеста и на носилки беше изнесена од салата. Мечот потоа беше откажан.

Поради финансиските казни и можноста мечот да не им се важи во рејтинг-системот, УФЦ фајтерите честопати се на диета пред мечот само да го поминат тежинското ограничување.

Scroll to Top