Top Sport

Кога Тајсон му го „врати“ одгризаното уво на Холифилд (видео)

Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд покрај двата незаборавни мечеви во боксерските рингови, во 2006 година се „обединија“ за да сминат една од најгрозните ТВ реклами, во која секако главна улога имаше славниот скандал со одгризувањето на увото на мечот во 1997 година.

Инцидентот останува еден од најголемите скандали во светот на боксот, но оттогаш двајцата станаа добри пријатели, а сега дури постои можност и за трет меч меѓу двајцата откако објавија дека се враќаат и покрај својата возраст (Тајсон има 53 години, Холифилд 57).

Како дел од кампањата на „Foot Locker“ недела на големите во 2006 година, двајцата имаат улога во рекламата со ужасно глумење, мора да се признае.

Тајсон тропа на вратата на Холифилд и му вели „Извини Ивандер“ и му нуди кутија. „Тоа е твоето уво“ вели Тајсон, а Холифилд зачуден одговара: „Моето уво?“. „Го чував во формалдехид“, одговара Тајсон. Епско!

Scroll to Top