Top Sport

Сити потврдија дека менторот на Пеп, Хуан Лилјо е негов нов помошник

Англиските шампиони, Манчестер сити потврдија дека Хуан Мануел Милјо, поранешниот „ментор“ на Пеп Гвардиола е негов нов помошник на местото на Микел Артета, кој минатата година стана тренер на Арсенал.

54-годишниот Шпанец кој поголемиот дел во кариерата беше тренер во Шпанија, досега беше тренер на кинескиот Кингадо Хуангхаи, кои ги внесе во кинеската Суперлига.  Тој му беше тренер на Гвардиола во мексиканскиот Дорадос де Синалоа при крајот на кариерата и голем инспиратор на стилот кој Пеп ќе го направи како тренер (повеќе за него во линкот подолу).

„Пресреќен сум што доаѓам во Сити, бидејќи мојата соработка со Пеп трае повеќе години и сега сум дел од неговиот возбудлив тим. Манчестер сити во последните сезони имаше огромен успех и промовираше прекрасен фудбал кој го очекуваме од таков менаџер каков што е Пеп“, изјави Милјо.

Гвардиола го избра помошникот – човекот кој го „измисли“ 4-2-3-1 системот

Scroll to Top