Top Sport

Кого пцуеше Ѓоковиќ? (Видео)

Новак Ѓоковиќ синоќа не успа да го победи Доминик Тим, Австриецот по речиси три часа игра победи со 2:1 во сетови и се пласираше во полу-финалето на Завршниот мастерс во Лондон.

Регионалните медиуми денес издвојуваат еден момент од почетокот на третиот сет кога секакви зборови излегоа од устата на Ѓоковиќ.

Србинот најпрвин гледа во правецот на ложата каде што беа луѓето од неговиот стручен штаб, а потоа гласно коментира.

„Кажи нешто у п…у м…р, како муле стоиш“.

За овој испад беше почестен со свирежи.

Нејасно е на кого му ги упатил Ѓоковиќ овие зборови. Доколку е за неговите тренери тогаш тие сигурно го разбрале, бидејќи негови тренери се Словакот Марјан Вајда и Хрватот Горан Иванишевиќ.

Погледнете го испадот на Ѓоковиќ.

Scroll to Top