Top Sport

Кој би победил во боксерски меч меѓу Надал и Федерер? Роџер не кажува

Роџер Федерер беше запрашан едно необично прашање – кој би победил во боксерски меч помеѓу него и Рафаел Надал?

Бидејќи и двајцата се во иста тежинска и висинска категорија – имаат по 185 сантиметри и 85 килограми, мечот несомнено би бил интересен, но ако се погледне мускулатурата на двајцата, Шпанецот би бил фаворит. Федерер не е сигурен.

„Па, видете, ние сме тенисери, не сме во физички спорт. Не сакаме да се допираме многу!“, прво се пошегува, пред да продолжи: „Имавме одлични мечеви, и тоа го правиме постојано и тоа е добро за тенисот. Уживам кога играм против него, но најважни се титулите и ако сум во финалето, тоа не мора да биде против Надал“.

Тој беше запрашан да направи и споредба на тенисот со голфот и неговиот добар пријател, Тајгер Вудс.

„Убаво е кога така те споредуваат, а јас следам толку многу спортови што споредбите ми се интересни. Од фудбал, до голф, до Формула 1 и Мото ГП, до сите видови на скијања. Затоа е убаво да те споредат со Тајгер“, додава Федерер.

Scroll to Top