Top Sport

Роси: Сега дури и Сузуки се посилни од Јамаха

Валентино Роси е очаен, велејќи дека дури и тимот на Сузуки сега е посилен од неговата Јамаха, откако минатиот викенд заврши зад Алекс Ринс во Јапонија.

Роси беше на истата позиција како во Тајланд, завршувајќи четврти во неделата во Мотеги, но доби „подарок“ од две позиции откако Андреа Довициозо и Андре Јаноне паднаа и тој беше втор зад новокрунисаниот светски шампион Марк Маркез и пет зад третопласираниот Ринс. Но, нивото на М1 мотоциклот не го задоволува Италијанецот.

„Мислам дека нарпавивме чекор напред, но за жал двата мотоцикли на Сузуки беа побрзи од мене. Не се предаваме, но нашиот потенцијал е тој. Сузуки направија чекор напред од минатата година и сега се подобри од нас. Многу се силни и да не паднеше Јаноне сигурно ќе беше пред мене“, вели разочараниот „Доктор“.

22-годишниот Ринс се бореше со Роси во првиот дел од трката и вели дека чекал гумите на Италијанецот да се потрошат.

„Бевме побрзи од него бидејќи тој ги уништи своите гуми. Тоа е добар знак“, вели Ринс.

Фото: ЕПА

Scroll to Top