Top Sport

Бергвајн го засили Тотенхем

Тотенхем и ПСВ Ајндховен го договориле трансферот на холандскиот напаѓач Стивен Бергвајн. Клубот од северен Лондон за трансферот ќе издвојат 30 милиони евра.

Тотенхем го очекуваат Бергвајн во Лондон каде треба најпрвин да ги мине лекарските прегледи пред да го стави потписот на договорот. Холандскиот репрезентативец треба да потпише договор до јуни 2024 година. Според договорот тој ќе заработува 3,5 милиони евра годишно.

Бергвајн започнал во фудбалската академија на Ајакс, меѓутоа како младинец се префрлил во Ајндховен.

Сезонава тој настапил на 29 натпревари за ПСВ, на кои постигнал шест гола и забележал 13 асистенции.

Бергвајн е второто засилување за Тотенхем во актуелниот преоден рок. Претходно во клубот пристигна младиот Португалец Жедсон Фернандеш.

Scroll to Top