Top Sport

Која е разликата помеѓу Надал, Ѓоковиќ и Федерер и останатите тенисери?

Во второто коло на Вимблдон, Рафаел Надал го совлада Рикардас Беранкис со 3:1 во сетови. На прес-конференцијата по мечот, Шпанецот зборуваше за разликата меѓу него, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ и останатите тенисери.

„Не сакам да бидам арогантен, но мислам дека она што не разликува Федерер, Ѓоковиќ и мене од другите е тоа што победивме дури и кога играме лошо“, изјави Надал и дополни.

„Тоа е клучно за еден тенисер. Секој победува кога игра добро бидејќи разликата помеѓу играчите не е толку голема. Важно е да победиш кога играш лошо. Затоа што ако изгубите, нема да настапувате следната недела. А кога победуваш играјќи лошо, наскоро играш нов меч“.

Надал, утре во третото коло ќе игра против Италијанецот Лоренцо Сонего.

Scroll to Top