Младата американска тенисерка Коко Гоф настапот на Ју-Ес опен го заврши во првото коло. Минатогодишната сензација на „Флешинг Медоуз“ во првото коло е поразена од Летонката Анастасија Севастова (6/3, 5/7, 6/4). Севастова во второто коло ќе игра протв Марта Костјук која ја декласира Дарија Кастакина (6/1, 6/2).
Пласман во второто коло избори Естонката Анет Контавејт која во три сета ја победи Американката Даниел Роуз Колинс.
Контавејт во наредното коло ќе игра против Словенката Каја Јуван.
Пласман во второто коло избори и Украинката Катарина Бондаренко која ја победи во три сета Али Кик.