Американката Данијел Колинс продолжи со сензационалните настап на Австралија опен. 25-годишната Американка избори пласман во полу-финалето на Гренд слем турнирот во Мелбурн.
Колинс, во четвртфиналето со пресврт, успеа да ја надигра Анастасија Пављученкова од Русија 2/6, 7/5, 6/1.
Пављученкова пласманот во полу-финалето го имаше во своите раце, одигра импресивно во првиот сет, добро започна и во вториот, меѓутоа одеднаш започна лошо да сервира и со серија на двојни грешки буквално и го подари сетот на Колинс.
Подарокот Американката знаеше да го искористи и со брилијантна игра во третиот сет буквално ја збриша Пављученкова од теренот на „Род Лејвер арена“.
Пласманот во полу-финалето е најголемиот успех во кариерата на Колинс. Нејзина противничка за пласман во финалето ќе биде Петра Квитова или Ешли Барти.