Top Sport

Колшрајбер го декласира Ѓоковиќ во Индијан Велс

Првиот носител на мастерсот од серијата 1000 во Индијан Велс, Новак Ѓоковиќ, го заврши својот настап во третото коло. Србинот за 96 минути беше поразен од Филип Колшрајбер со 4:6, 4:6.

Мечот помеѓу овие двајца тенисери требаше да се одигра ден претходно, но беше прекинат по првиот гем поради силниот дожд.

Колшрајбер, одигра одличен меч, еден од најдобрите во последните неколку сезони и сосема заслужено го елиминира индиспонираниот светски рекет број 1.

35-годишниот Германец ја забележа втората победа во десеттиот меч со Ѓоковиќ. Претхината победа Колшрајбер ја забележа пред една деценија на Ролан Гарос.

Во наредната рунда гермнскиот тенисер за противник ќе го има Гаел Монфилс.

Scroll to Top