Комични сцени се случиле на маратонот во Венеција, поради што победил аутсајдерот Ејоб Фаниел.
Виновник за комедијата е мотоциклистот кој ја водел трката. Имено на 25 километар тој го згрешил свртувањето, а по него тргнале водечките фаворит за победа Абдулахл Давуд, Гилберт Киптлинг Чумба, Кипкемеи Мутаи и Давид Кипроно Мето.
Лидерите во трката до тој момент, во погрешен правец трчале неколку стотини метри, поради што загубиле околу две минути.
Поради тоа како победник од комичната ситуација излегол 25-годишниот Италијанец Фаниел, кој на својата локална трка го забележа најголемиот успех во кариерата.
Инаку со оглед на временските услови и репутацијата која ја има во ваквите маратонски трки, Ејоб Фаниел забележа одличен резултат 2:12.16 часа.